Свет Европа Седумнаесет повредени во нападот во Манчестер сè уште во критична состојба

Седумнаесет повредени во нападот во Манчестер сè уште во критична состојба

Педесет лица и понатаму се наоѓаат во болница поради повреди добиени во минатонеделниот самоубиствен бомбашки напад во „Манчестер арена“, а 17 повредени се во критична состојба, соопштија денеска здравствените власти на Англија.

Лекарите и болничките претставници минатата недела соопштија дека некои од пациентите претрпеле тешки повреди на виталните органи и на екстремитети.

Во нападот на крајот на поп-концертот загинаа 22 лица, меѓу кои имало и деца, а вкупно 116 лица се хоспитализирани веднаш по нападот.