Свет Европа Седумнаесет годишен мигрант убиен во Грција

Седумнаесет годишен мигрант убиен во Грција

Во вооружен судир меѓу полицијата и трговци со луѓе во Грција убиен е 17 годишен мигрант.

Престрелката се случила покрај островот Дими, кога јахта со 70 имигранти се обидела да влезе нелегално во грчките територијални води од Турција.

Грчката крајбрежна стража и припадници на европската погранична агенција Фронтекс успеале да ја запрат јахтата и се качиле на неа.

Престрелката почнала за време на спор меѓу полицијата и тројца мажи осомничени за трговија со луѓе, кои биле турски државјани. Едниот од нив признал дека ранил полицаец.