Македонија Седуммина признаа вина и добија условни казни за инцидентите на протестите против...

Седуммина признаа вина и добија условни казни за инцидентите на протестите против францускиот предлог

Извор: Собрание на РСМ

Условна казна затвор добија седумте млади лица на возраст од 18 до 36 години кои се обвинети за учество во толпа што ќе стори кривично дело, односно за инцидентите на протестите против францускиот предлог што се одвиваа пред Собранието на РСМ на почетокот на јули годинава.

Момчињата признаа вина пред судот, по што судијката им изрече условни затворски казни од две години, кои нема да се извршат доколку седумте лица во наредните четири години не сторат ново кривично дело. Обвинетите лица беа ослободени од притвор.

Инаку, тие се гонети поради откорнување на заштитната ограда од пред Собранието и поради фрлање со најразлични предмети кон полициските службеници, при што десетици од нив се здобиле со телесни повреди.

Собранието пријавило штета од околу 9.500 евра, која што ќе треба да ја платат осудените лица.