Свет Седумдесетина криминалци побегнале од затвор во Папуа Нова Гвинеја

Седумдесетина криминалци побегнале од затвор во Папуа Нова Гвинеја

Затворските власти во Папуа Нова Гвинеја усмртиле 17 затвореници при масовно бегство од затвор, јавија денеска локалните медиуми.

Како што се наведува, поради бегството, отворена е истрага за пренатрупаните затвори, во кои се сместуваат и баратели на азил од Австралија.

Околу 50 затвореници побегнале од затворот во папуанскиот град Лае, наведе полицијата и ја предупреди јавноста дека сè почести се кражбите на автомобили и вооружените грабежи.

Медиумите претходно јавија дека околу 70 затвореници се обиделе да побегнат од затворот, кој се наоѓа на 320 километри од главниот град, Порт Морезби.

Официјално, 17 затвореници се убиени, тројца се уапсени, а 57 сè уште се во бегство.