Свет Свет Седум загинати во напад во Џакарта

Седум загинати во напад во Џакарта

Портпаролот на полицијата во Џакарта, Махамад Игбал, потврди дека седум лица, вклучувајќи и четворица напаѓачи, се убиени во неколку експлозии во денешното пукање во Џакарта.

Нападот се случил во близина на полициска станица, централната агенција на ОН, популарен трговски центар и на „Старбакс“.

По неколкуте експлозии, следела и размена на оган меѓу напаѓачите и големиот број полициајци што се наоѓале во тој дел на градот.

Очевидци навеле дека станува збор за самоубиствени бомбашки напади.