Свет Седум отсто од австралиските свештеници злоупотребувале деца

Седум отсто од австралиските свештеници злоупотребувале деца

Седум отсто од свештениците на католичката црква во Австралија се обвинети за злоупотребува на деца во текот на претходните неколку децении, тврдат официјални лица кои го истражувале злоупотребување деца во институциите во Австралија.

Статистиката е објавена на сослушувањето на државната комисија на Австралија за системски одговор на сексуалната злоупотреба на децата.

Државната комисија е највисок степен на истрага во Австралија и од 2013 година истражува како католичката црка и другите институции во текот на децениите реагирале на злоупотребата на деца.