Свет Свет Седум лица настрадаа во поплави во САД

Седум лица настрадаа во поплави во САД

Најмалку седум лица загинаа, а шест се водат за исчезнати во поплавите во западните американски држави Јута и Аризона, каде синоќа водата однесе две возила во кои биле жени со деца.

Три лица преживеале откако поплавата однела две возила, соопшти пожарникарот Кевин Брало. Тој рече дека е потврдено дека вечерва седум лица ги изгубиле животите, а шест се водат како исчезнати.

Спасувачките тимови синоќа ја откажале потрагата поради лошите услови во Хајдејл во Јута и во Колорадо Сити во Аризона, кои се погодени од поплави после обилните врнежи, рече Барло и додаде дека екипите денеска ќе ја продолжат потрагата по исчезнатите.