Главна секција Одложена седницата на Комисијата за образование: 24 часа за нови предлози

Одложена седницата на Комисијата за образование: 24 часа за нови предлози

Седницата на Комисијата за образование, на која требаше да се разговара за предлог-измените на Законот за основно, средно и високо образование по првото читање во Собранието, е симната од дневниот ред. Неофицијално се дознава дека седницата е одложена 24 часа за да се даде можност за нови предлози.

Денеска, пак, седници ќе одржат Комисиите за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата се на дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата, во второ читање, и за измените и за дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање.

Законодавно-правната комисија, пак, ќе се произнесе по предложените законски решенија што се на дневен ред на другите две собраниски комисии, како и по неколку барања за автентично толкување на членови од конкретни закони.