Свет Балкан Се урна зграда во Истанбул, едно лице загина, петмина се повредени

Се урна зграда во Истанбул, едно лице загина, петмина се повредени

Во истанбулската населба Зејтинбурн се урна зграда, а како што пренесува турската телевизија „Ен-ти-ви“, едно лице загина, а петмина се повредени.

Зградата која се урнала се наоѓа во европскиот дел на Истанбул, а во моментот на уривање немало луѓе бидејќи во тек е процес на санирање.

Настраданите биле случајни минувачи.

На местото има спасувачки екипи и итна помош, јавуваат медиумите.