Свет Се урна воен авион на сириската влада, 12 лица загинаа

Се урна воен авион на сириската влада, 12 лица загинаа

Дванаесет луѓе загинале откако воен авион на сириската влада се урнал денеска во градот Ариха, во северозападниот дел на земјата, соопштиле активистите на Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Според информациите, авионот се урнал среде воени дејства и бомбардирања во околината на градот.

Градот Ариха беше едно од последните упоришта на сириската влада во провинцијата Идлиб, во близина на границата со Турција, пред да биде заземен од бунтовниците во мај годинава.