Македонија Се укинува делумната забрана за движење во шумa

Се укинува делумната забрана за движење во шумa

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) донесе одлука за укинување на забраната за движење во шума.

Движењето во шуми беше забрането поради појавата на голем број шумски пожари, а со новата одлука тоа е повторно дозволено, оти согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари.

Од МЗШВ велат дека и понатаму екипите на Државниот инспекторат за земјоделство, Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство, и во следниот период ќе ја следат состојбата на терен.