Економија Се топат девизните резерви на Кина, но и понатаму се најголеми во...

Се топат девизните резерви на Кина, но и понатаму се најголеми во светот

Девизните резерви на Кина во февруари годинава се намалиле за 28,75 долари, а минатата година се намалиле за 513 милијарда долари, што било најголем пад во историјата, пишува „Ројтерс“.

Минатиот месец кинеската влада применила доста административни мерки кои не успеале да го сопрат одливот на капитал.

Одливот на капитал од Кина е забрзан откако официјален Пекинг во август минатата година го девалвирал јуанот, но и по очекувањата дека американската управа за федерални резерви ќе ги зголеми каматните стапки.