Свет Се степаа приврзаници и противници на Трамп во Беркли

Се степаа приврзаници и противници на Трамп во Беркли

Најмалку 20 лица се уапсени откако приврзаници и противници на американскиот претседател Доналд Трамп се степаа на протести во Калифорнија, соопшти денеска полицијата.

Околу 200 луѓе учествуваа во протестот во еден парк во Беркли, кога настана тепачката, а десетиците полицајци, кои ги обезбедуваа демонстрантите, ги уапсија насилниците.

Полицијата претходно се постави импровизирани бариери на пластични столбови и мрежи, за да ги подели двата протести. Сепак бариерите набргу биле уништени, по што избила тепачка.

Демонстрантите потоа, под надзор на полицијата, прошетаа низ главните улици на градот.