Свет Се урна зграда во Казахстан, девет лица загинаа

Се урна зграда во Казахстан, девет лица загинаа

Најмалку девет лица загинаа кога се урна зграда во селото Шакан во централниот дел на Казахстан, соопштија локалните власти.

Како што се наведува, несреќата се случила во неделата попладне, а според првите наоди, била предизвикана од експлозија во котларница.

Од урнатините на зградата досега се извлечени девет лица, меѓу кои имало и три деца. Во акцијата за спасување учествуваат 300 луѓе.