Свет Свет Сè поголем бројот на загинати во земјотресот во Пакистан и во Авганистан

Сè поголем бројот на загинати во земјотресот во Пакистан и во Авганистан

Повеќе од 100 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди североисточниот дел на Авганистан и на Пакистан.
Тресење на тлото од земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала се почувствувало и на северот на Индија и во Таџикистан.

Меѓу жртвите има и 12 девојчиња, кои се прегазени во стампедо што настанало по земјотресот, кога луѓето почнале да бегаат од една училишна зграда.

Епицентарот на земјотресот бил во планинскиот регион Хинду Хуш, 76 километри јужно од Фаизбад, соопшти американскиот сеизмолошки центар.

Повеќето згради се евакуирани, а комуникациите меѓу многу области во Авганистан и во Пакистан се прекинати.