Дописници Се отвора зоолошка градина во Штип

Се отвора зоолошка градина во Штип

Штип денеска и официјално ќе добие зоолошка градина, која ќе биде прва во Источна Македонија.

Триесет и две домашни и диви животни се сместени во живеалиштата на зоолошката градина, која е лоцирана во паркот во Суитлак.

Штипски фирми обезбедија по едно животно, а нивна обврска ќе биде понатамошната грижа за нив. Јавното претпријатие „Исар“ е носител на овој проект, во чии рамки е и едно помало езеро и училница на отворено, каде учениците ќе може да изведуваат настава во природа.
Подготовката на живеалиштата на животните предизвика дилема кај жителите на околните станбени згради, за последиците од отворањето зоолошката градина во нивна близина.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев, изјави дека живеалиштата на животните се работени по пропишаните стандарди и се почитувани еколошките норми.

За влез во зоолошката градина јавното претпријатие најави дека ќе наплаќа симболичен износ.