Спорт Спорт Македонија Се одржа традиционалната трка „Прв до врв“

Се одржа традиционалната трка „Прв до врв“

Традиционалната трка „Прв до врв“ се одржа третпат на падините на Водно, како дел од кампањата за мај – месец на велосипедисти.

На настанот зедоа учество повеќе од 2000 учесници, велосипедисти и планинари, кои се натпреваруваа во повеќе категории: машки и женски, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и пешачење.

На врвот беа прогласени и победниците во овие категории.

Настанот е во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“, Градот Скопје, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ЈСП и други партнерски организации.