Економија Се очекуваат поголем број договори за градежни работи и вработувања

Се очекуваат поголем број договори за градежни работи и вработувања

Се очекуваат зголемен број договори за градежни работи и вработени во наредните три месеци, објави Државниот завод за статистика.

Оценката за финансиската состојба и за сегашната состојба со порачки е поповолнa во споредба со претходното тримесечје.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 20,3 проценти, зголемените финансиски трошоци (камати) со 20 проценти, недостигот од обучен кадар со 14,6 проценти и зголемените трошоци за труд со 14,3 проценти.