Економија Се очекува зголемување на производството во преработувачката индустрија

Се очекува зголемување на производството во преработувачката индустрија

Очекувањата за обемот на производството во преработувачката индустрија во наредните три месеци се дека тоа ќе се зголеми, а резервите на готовите производи сe зголемени, објави Државниот завод за статистика.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март е понеповолна во споредба со претходниот месец, а поповолна е во однос на март 2015 година. Оцената за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2016 година изнесува 63,3 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната странска побарувачка со 23,7 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,3 отсто и недостигот од квалификувана работна сила со 13,7 отсто.