Економија Се очекува зголемување на производството во преработувачката индустрија

Се очекува зголемување на производството во преработувачката индустрија

Состојбата на обезбеденоста на порачки во преработувачката индустрија во јули годинава во однос на претходниот месец е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe намалени, објави Државниот завод за статистика.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на јули 2015 година.

Оценката за бројот на вработени е дека тој ќе се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2016 година изнесува 64,9 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната странска побарувачка со 26,2 проценти, недоволната домашна побарувачка со 21,4 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 14,7 проценти и неизвесното економско опкружување со 8,9 проценти.