Македонија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат да ги блокираат реформите и Собранието

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат да ги блокираат реформите и Собранието

Сè она што го прават Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Собранието нема никаква врска со законот за употребата на јазиците туку единствено станува збор за обид за блокадата на Собранието, блокада на реформскиот процес и обид за блокада на европската перспектива на државата, велат од СДСМ како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Продолжувајќи ги штетните политики на Никола Груевски, токму Христијан Мицкоски промовира поделби и блокади со што продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и против концептот едно општество за сите. Фактот што ВМРО-ДПМНЕ претходно го прифати Законот за употреба на јазиците, како и фактот што речиси 33 илјади амандмани од поднесените околу 35 илјади се однесуваат само на казнените одредби, потврдува дека амандманите немаат врска со законот туку служат само за блокада на Собранието“, велат од СДСМ.

Од владејачката партија ги обвинија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за лажен патриотизам.