Македонија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните во сиромаштија, нека се вгради во реформите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните во сиромаштија, нека се вгради во реформите

Како одговор на денешното соопштение за јавноста на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ утрово повторно порачa дека ако ВМРО-ДПМНЕ ѝ мисли добро на државата, треба да се вгради во реформите. СДСМ нагласи дека додека ВМРО-ДПМНЕ била на власт, оставила половина милион граѓани во сиромаштија.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше  цели 11 години да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, но тие одлучија да ги осиромашуваат граѓаните за сметка на криминалното богатење на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, оставајќи 500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштија, а повеќе од 180.000 граѓани да преживуваат со само 40 денари на ден“, се вели во реакцијата од СДСМ, која бара ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција да се вгради во реформските процеси што ќе ги отворат евроатлантските перспективи.