fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не се обесхрабрува пред грчките црвени линии

-

Целта на патувањето во Брисел не смее да бидат само најави за разгледување на можностите за членство на Република Македонија во НАТО, туку мора да се испорачаат резултати, порача ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.

Опозициската партија порачува дека СДСМ не смее да попушти пред грчките црвени линии и порачува министрите да внимаваат какви изјави даваат.

„СДС не треба да одмолчува и да се обесхрабрува пред повторувањето на грчките црвени линии, според кои не треба да се помислува на членство во НАТО сè додека не се реши проблемот кој Грција го има со нашето име. Министерот за надворешни работи не смее да дава конфузни изјави во интернационалните медиуми кои ги вознемируваат граѓаните и отвараат сомнеж дека СДС размислува за промена на уставното име. Ваквите изјави може сериозно да ги загрозат македонските преговарачки позиции“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата потсетува дека Зоран Заев ветил на граѓаните брзо членство во ЕУ и во НАТО, без да се задира во идентитетските прашања и без да се прават договори на штета на македонскиот народ и држава“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...