Македонија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна опозиција, Иванов да постапи согласно Уставот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна опозиција, Иванов да постапи согласно Уставот

„Во периодот што претстои, неопходна е максимална одговорност од сите, за да се овозможи формирањето на новата влада, што е врвен државен интерес. На граѓаните им е потребна стабилност, потребен им е квалитетен живот и перспективи што ќе им ги отворат евроинтеграциите“, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ.

Од партијата велат дека пред граѓаните и пред Ѓорге Иванов ќе биде реафирмирана и определбата на мнозинството за унитарна Македонија, кое ќе работи во согласност со Уставот и на евроатлантска иднина на државата.

„Мора да се прекинат сите лаги во врска со некакви закани по националните и државните интереси, со кои Никола Груевски за лични интереси ги вознемирува граѓаните. Иванов е должен да постапи согласно уставните обврски кон граѓаните и да се издигне над личните интереси на Груевски. Тоа треба да го направи и ВМРО-ДПМНЕ, која што исто така има обврска пред граѓаните да биде конструктивна опозиција и да ги поддржи реформските процеси, за да може земјата да се придвижи напред“, се додава во соопштението на СДСМ.