Македонија СДСМ: Трајановски и Груевски ги боли тоа што цел град е на...

СДСМ: Трајановски и Груевски ги боли тоа што цел град е на нозе

Коце Трајановски, извршителот на Никола Груевски во Скопје, не може да се помири со фактот дека цел град е кренат на нозе, реагираат од опозицискиот СДСМ на денешната изјава на градоначалникот на Скопје.

„Скандалозната изјава на Коце Трајановски само го покажува стравот на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски од граѓаните. Десет години Градот Скопје целосно е ставен во функција на болната потреба за раскош и за луксуз на Никола Груевски. Десет години Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат Скопје. Затоа скопјани се на улиците против режимот на Груевски. Тоа е болката на Груевски и на Трајановски“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Од партијата додаваат дека цело Скопје застана во поддршка на барањата на граѓаните и на опозицијата и дека Трајановски треба да поднесе оставка и да се соочи со гневот на граѓаните против неговото вазалско владеење, на штета на скопјани.