Економија СДСМ: Ставрески да одговори дали се подготвува ново задолжување со еврообврзницата

СДСМ: Ставрески да одговори дали се подготвува ново задолжување со еврообврзницата

Зоран Ставрески е должен да одговори дали со Груевски подготвува ново мегазадолжување на граѓаните на Македонија преку издавање нова еврообврзница од неколку стотици милиони евра, се вели во соопштението на СДСМ.

Оттаму додаваат дека Ставрески веќе една недела не дава одговор на прашањето на СДСМ, а во меѓувреме, странски агенции јавуваат дека власта на Груевски, сепак, посегнува по нова еврообврзница.

– Минатата недела Хрватска не можеше да ја издаде еврообврзницата за нови задолжувања, токму поради политичка криза. Минатата година дополнителниот заменик-министер од СДСМ во техничката влада, Кире Наумов, спречи Ставрески и Груевски да ги задолжат граѓаните со 500 милиони евра.Кумовите лани само на овој начин ги задолжија граѓаните на Македонија 270 милиони евра. Во 2014 година, Ставрески и Груевски, кога немаше кој да ги спречи, преку еврообврзница ги задолжија граѓаните 500 милиони евра – се додава во соопштението на опозициската партија.