Македонија СДСМ: Со Сеад Кочан, падна и последната маска на Груевски

СДСМ: Со Сеад Кочан, падна и последната маска на Груевски

Соопштението во кое ВМРО-ДПМНЕ го штити медиумскиот и бизнис-партнер на Груевски, Сеад Кочан, потврдува дека сè што прави оваа партија има единствена цел – заштита на својот криминали и на лично стекнатите богатства, се вели во реакцијата на СДСМ.

Оттаму сметаат дека „секој кој работел противзаконски мора да понесе одговорност“.

– Раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане со злоупотребата на луѓе за протести, дури и на деца, ученици, да престане да провоцира инциденти, конфликти и насилство и да овозможи мирен трансфер на власта – велат од СДСМ.