Македонија СДСМ скрати цели 213 милиони денари наменети за образованието, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ скрати цели 213 милиони денари наменети за образованието, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС скрати цели 213 милиони денари наменети за универзитетите и за факултетите во земјава, а ветуваше подобри услови во високото образование“, изјави денеска на прес-конференција Јован Јаулески, член на извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека во текот на изборите се ветувало квалитетно високо образование и подобри услови за студирање, а сега „се блокираат инфраструктурни проекти, се укинуваат мерки и се кратат финансии за образованието.“

– СДС скрати цели 30 проценти од буџетот за Универзитетот во Охрид. СДС крати и 50 проценти од парите наменети за ФИНКИ. Ниту универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“ не останаа имуни на негрижата од страна на СДС – додаде Јаулески.