Македонија СДСМ: Што уште треба да се случи за Никола Тодоров конечно да...

СДСМ: Што уште треба да се случи за Никола Тодоров конечно да замине?

Толку е лоша состојбата со здравството во Македонија, што денеска беше пукано во лекар, a уште три лица беа поврдени во престрелка на Клиниката за абдоминална хирургија, реагираат од опозицискиот СДСМ.

– Со Никола Груевски и со Никола Тодоров, каубојските филмови станаа реалност и во болниците. Недозволиво е во еден клинички центар во кој секојдневно влегуваат и излегуваат илјадници луѓе, барајќи здравствена помош, некому да му биде дозволено да пука. Лекарите во јавното здравство немаат основни услови за работа, а примаат мали плати. Поради хаосот во здравството, лекарите во Македонија се загрозени дури и на работното место – реагираат од СДСМ.

Од СДСМ истакнуваат дека Тодоров и Груевски ги оставија лекарите без никаква заштита ниту сигурност во извршувањето на најблагородната работа, да се грижат за здравјето на граѓаните.