Македонија СДСМ сè уште нема обезбедено 61 пратеник, Заев и Ахмети уште не...

СДСМ сè уште нема обезбедено 61 пратеник, Заев и Ахмети уште не се сретнале

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, сè уште се немаат сретнато, но постојат контакти меѓу партиите, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

– Да, контакти има на друго ниво. Точно е дека лидерите се немаат сретнато, освен јавната средба за која јавноста беше информирана – рече Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање дали имало средба меѓу Заев и Ахмети.

Тој потврди дека сè уште немаат обезбедено 61 потпис од пратениците.

– Процесот е во тек, работиме на нивно обезбедување и веднаш на формирање на новата влада. Јавноста ќе биде веднаш информирана кога ќе има некои нови моменти во однос на ова прашање – рече Манчевски.

На прашањето дали ДУИ навистина го побарале премиерското место, Манчевски демантираше.

– Не. Сите тие информации се во рамки на шпекулации, апсолутно нема никакви нови детели од она што вчера беше соопштено – рече Манчевски.