Македонија СДСМ се обврзува да овозможи професионалност и ефикасност на полицијата

СДСМ се обврзува да овозможи професионалност и ефикасност на полицијата

„Да се биде дел од полицијата и од безбедносните служби е одговорност, но и чест, а за нив се потребни и совест и свест“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во честитката по повод Денот на полицијата, 7 мај.

Во неа, меѓу другото, се вели дека СДСМ како партија што ќе ја предводи новата реформска влада се обврзува да создаде услови за професионална, модерна и ефикасна полиција, ослободена од лични, партиски и од какви било други влијанија.

„Ќе го заштитиме личното и професионално достоинство на сите припадници на полицијата и на безбедносните служби преку подобрување на условите за работа и на работниот статус. Ќе обезбедиме полиција што ќе ги штити граѓаните и неселективно ќе се бори со криминалот и со корупцијата преку непристрасно спроведување на законите за сите. Изразувам искрена почит и благодарност до сите професионалци кои во најтешките услови на режим, насилство и обиди за дестабилизација, одговорно и достоинствено работеа и работат во служба на граѓаните на Македонија“, се додава во честитката.