Македонија СДСМ: Режимот да ги тргне канџите од граѓаните и демонстрантите

СДСМ: Режимот да ги тргне канџите од граѓаните и демонстрантите

Режимот на Никола Груевски веднаш да ги тргне канџите од граѓаните и демонстрантите, порача опозициската партија СДСМ.

„СДСМ и целата демократска јавност најостро го осудуваат однесувањето на полицијата на Чавков и приведувањето на демонстрантот, само затоа што носел транспарент што не му се доаѓал на режимот. Бараме приведеното лице веднаш да биде ослободено“, стои во соопштеното.

Според СДСМ, со приведувањето на активистот Павле Богоевски, Никола Груевски ја покажува својата нервоза, паника и страв од граѓаните.

„Избезумен од силата, решителноста, упорноста и масовноста на граѓаните коишто се борат за враќање на слободата, демократијата и правдата низ улиците и плоштадите ширум Македонија, Никола Груевски ја злоупотребува полицијата за да креира инциденти. Приведување на граѓани што протестираат достоинствено, само затоа што носат транспаренти е недозволиво. Демократскиот свет не познава такво нешто. Дополнително полицијата на Чавков дозволи физички да биде нападнато лице коешто протестираше од страна на пара милитантни структури на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението.

СМДМ тврди дека Груевски се обидува да го турка народот во инциденти и конфликти, еден против друг, но порача дека ниедно сценарио за конфликт нема му успее и нема да го спаси.