Македонија СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не вовлекува недолжни граѓани во насилство

СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не вовлекува недолжни граѓани во насилство

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане да злоупотребува граѓани за протести и да вовлекува недолжни граѓани во насилство за заштита на своите криминални интереси, порача СДСМ во реакција на денешната прес-конференција на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија има легитимно парламентарно мнозинство и нов легитимен и признаен претседател на Собранието, избран според деловникот, Уставот и законите во Република Македонија. Демократските процеси продолжуваат во насока на формирање на новата реформска влада. Сите лидери на политички партии, институции, вработени во институциите се должни да го овозможат формирањето на новата влада, без одложување. Продолжувањето на државните процеси е врвен државен приоритет. Погазувањето на државните интереси е неуставно и тешко кривично дело и повлекува одговорност“ , се вели во соопштението на СДСМ.