Македонија СДСМ: Програмата на новата влада е гаранција за унитарноста

СДСМ: Програмата на новата влада е гаранција за унитарноста

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што работат спротивно на државните и национални интереси на граѓаните на Република Македонија, преку конфликтите, насилството и инцидентите што ги предизвикуваат со домашната и со меѓународната демократска јавност, во обид да се спасат од одговорност за сторените криминали и злоупотреби, се огласи СДСМ денеска во одговор на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите претпладнево.

„Програмата на новата реформска влада ја гарантира унитарноста на државата и обезбедува развој и напредок на земјата. Затоа Ѓорге Иванов е должен да го почитува Уставот, да го даде мандатот на претседателот Заев, кој обезбеди 67 потписи за формирање влада и да овозможи мирен трансфер на власта“, порачува СДСМ.