Македонија СДСМ: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од насилството

СДСМ: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од насилството

Мнозинската волја на граѓаните ќе биде испочитувана и според Уставот, Деловникот и законите ќе биде избран новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада. Мнозинската волја на 700.000 граѓани е преточена во 67 пратенички мандати, со што Република Македонија има легитимно формирано парламентарно мнозинство, порачува СДСМ во реакција на изјавите на Никола Тодоров.

„ВМРО-ДПМНЕ е опозиција. Недозволиво е насилството што го прават врз мнозинството граѓани и парламентарното мнозинство неколкумина криминалци и нивни соработници во ВМРО-ДПМНЕ, во коишто спаѓа и Никола Тодоров. Никола Груевски, Тодоров, Димовски, Милошоски не се повеќе фактор на одлучување. Потребен е здрав разум, раководството на ВМРО-ДПМНЕ ДПМНЕ да се повлече од провокации, разгорување етнички тензии и омраза и мирен трансфер на власта. На тоа повика цела демократска меѓународна заедница. Тоа го очекуваат и граѓаните на Македонија“, порачува СДСМ.