Македонија СДСМ: Неодговорно е Мицкоски да оживува лажни афери измислени од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Неодговорно е Мицкоски да оживува лажни афери измислени од ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски целосно е навлезен во промашената матрица на неговиот претходник Никола Груевски, кој слично како и Мицкоски, со години неосновано и напразно го обвинуваше Зоран Заев за неговата работа во Општина Струмица, се вели во реакцијата на СДСМ во видео-обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Во 2014 година, периодот за кој денеска неосновано обвинува Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ имаше целосна контрола врз институциите и доколку постоеше и најмало сомневање за сторен криминал од страна на претседателот Заев и неговото семејство тие веднаш ќе беа процесуирани. Јавноста се уште памети дека во тој период беа правени стотици контроли врз работата на Општина Струмица, дека сите можни институции и инспекции буквално со месеци живееја во Струмица и не успеаја да најдат ништо незаконско“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „несериозно и неодговорно е Мицкоски денеска после четири години да се обидува да оживува потрошени лажни и наводни афери измислени од ВМРО-ДПМНЕ.“