Главна секција СДСМ: Нема преговори додека не се спроведе законот за специјално јавно обвинителство

СДСМ: Нема преговори додека не се спроведе законот за специјално јавно обвинителство

Преговорите помеѓу четирите партии за отворените прашања нема да продолжат сè додека не се испочитува и не се спроведе законот за специјално јавно обвинителство, односно не се изберат предложените обвинители, реагираат од СДСМ.

„Советот на јавни обвинители има обврска да го почитува законот и да му овозможи на специјалниот јавен обвинител да го комплетира тимот на соработници во согласност со законските овластувања. Бараме итна средба на четирите партии и на претставниците на меѓународната заедница за кршењето на законот за специјалното јавно обвинителство и за утврдување рокови за исполнување на законските обврски. Укажуваме дека во интерес на иднината и на перспективата на Република Македонија е да ѝ се овозможи на специјалната јавна обвинителка да работи самостојно и независно, во согласност со законските овластувања“, стои во соопштениетона опозициската партија.