Главна секција СДСМ: Мицкоски, граѓаните се на прво место, тие не се статистичка грешка

СДСМ: Мицкоски, граѓаните се на прво место, тие не се статистичка грешка

Несериозноста и антидржавното однесување на Христијан Мицкоски отидоа дотаму што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ јавно изјави дека за него граѓаните се статистичка грешка. Граѓаните не се и нема да бидат некаква грешка, како што вели Мицкоски. Граѓаните се најважни, тие се на прво место, порача СДСМ реагирајќи на вчерашната изјава на Мицкоски.

„Која е причината што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат став за најважното прашање за македонската иднина? Дали се против НАТО и ЕУ? Мицкоски треба да знае дека огромното мнозинство граѓани се цврсто определени за напредок, интеграција и обезбедена македонска иднина во ЕУ и НАТО“, порача СДСМ, велејќи дека „на референдумот на 30 септември граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина, ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО со зајакнат и загарантиран македонски идентитет“.