Економија СДСМ: Министерство за финансии должи 8.000 евра за струја

СДСМ: Министерство за финансии должи 8.000 евра за струја

„Министерството за финансии натрупало долг кој надминува 510.000 денари за неплатени сметки за струја. Тоа е долг поголем од 8.000 евра“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ бараат Ставрески да им одговори на граѓаните за што се потрошени нивните 8.000 евра собрани преку даноци, со коишто требало да се плати струјата во јавната установа Министерство за финансии.

– Граѓаните седат во темно, во студено, готват на плинска боца, перат по соседи, поради неколку неплатени сметки за струја. Им се блокираат сметки, им се поднесуваат тужби, па им се удвојуваат и долговите и стресовите. Но, министерот Зоран Ставрески слободно таложи долгови од илјадници евра само за струја во Министерството за финансии – се додава во соопштението на опозициската партија.