Македонија СДСМ: Мандатот на СЈО ќе биде продолжен, а Груевски ќе мора да...

СДСМ: Мандатот на СЈО ќе биде продолжен, а Груевски ќе мора да се соочи со правдата

Никола Груевски ќе мора да се помири со фактот дека за сите злодела врз граѓаните ќе има одговорност и да се соочи со правдата, стои во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Правдата е дел од почнатите демократски процеси во Македонија. Никола Груевски ќе мора да се помири дека е соочен со правдата. Фатен е во монтирање политички судски процеси. Фатен е во лаги на граѓаните за жолти комбиња, клонирани станици и наводни странски служби. Фатен е во скандалот со нелегалното прислушување, заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков“, се вели во реакцијата.

Од партијата додаваат дека ќе се реализираат сите реформи нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија.

„Судството ќе биде независно. Мандатот на СЈО ќе биде продолжен. Заврши времето за политичари како Груевски“, нагласуваат од СДСМ.