Македонија СДСМ: Кризата со мигрантите не се решава со огради, туку со системски...

СДСМ: Кризата со мигрантите не се решава со огради, туку со системски решенија

„Никола Груевски и неговите следбеници, како Никола Попоски, знаат само да поставуваат огради и да креваат ѕидови. Кризата со мигрантите не се решава со огради, туку со системски решенија“, велат од СДСМ.

„Очигледно, власта на Груевски нема капацитет да се справи со бегалската криза и не може да обезбеди сигурен транзит на мигрантите низ државата. Штрајкот на машиновозачите, поради неисплатени плати, што дополнително ја комплицира ситуацијата, е резултат на неодговорните политики на власта на Груевски. Сликите од хаотичната состојба на македонските граници, кои го обиколија светот, нанесуваат штета на и така нарушениот углед на Република Македонија“, се вели во соопштението од СДСМ.

Од СДСМ велат дека надлежните институции мора да преземат соодветни мерки за организирање и за спроведување сигурен коридор за транзитирање на мигрантите низ земјава.