Македонија СДСМ ќе ги повлече забелешките за ДИК ако ВМРО-ДПМНЕ ги прифати предлозите...

СДСМ ќе ги повлече забелешките за ДИК ако ВМРО-ДПМНЕ ги прифати предлозите на странците за медиумите

Ние ќе ги повлечеме забелешките што ги имаме за методологијата за прочистување на избирачкиот список ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи да ги прифати предлозите на меѓународната заедница за реформи во медиумите, изјави Дамјан Манчевски од СДСМ.

– Ако и ова не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тие навистина не сакаат да се одржат фер и демократски избори – вели Манчевски.

Тој појасни дека предлозите од владејачката партија за Законот за медиуми не само што не се прифатливи за СДСМ, туку не се прифатливи ниту за медиумските работници.

Претходно изјава за медиумите даде и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, кој рече дека е добро партиите да даваат предлози, но дека тие се само предлози, а не крајни решенија. Тој потврди дека некои од предлозите за медиумите на владејачката партија не се според европските стандарди.