Македонија СДСМ: Иванов да престане со неразумните оправдувања за да го заштити Груевски

СДСМ: Иванов да престане со неразумните оправдувања за да го заштити Груевски

Парламентарното мнозинство е подготвено да ја реафирмира пред јавноста и пред Ѓорге Иванов програмата на новата влада и тоа ќе го направи, велат од СДСМ во нивното утринско соопштение.

Според нив, граѓаните, општините, институциите имаат потреба од итна стабилизација на државата.

„Но, врвен интерес на граѓаните е Иванов да постапи во согласност со Уставот, да престане со сите неразумни оправдувања што имаат цел да го заштитат Никола Груевски од правдата и веднаш да го додели мандатот за составување нова влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев“, се додава во соопштението.