Македонија СДСМ: Груевски упати низа навреди кон меѓународната заедница, а сега ѝ се...

СДСМ: Груевски упати низа навреди кон меѓународната заедница, а сега ѝ се додворува

„Добро е што граѓаните имаат можност да видат на што уште е подготвен Никола Груевски за своите интереси, во стравот од правдата и од нивната одлука за промени. Албанците ги нарекуваше „шиптари“, бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ и Сорос ги навредуваат Доналд Трамп и неговата администрација.

Во него се додава дека „Груевски упати низа навреди и вулгарности кон претставниците на меѓународната заедница во Македонија, а сега, без образ се обидува да се додворува.“

– Сето тоа го прави само затоа што е соочен со одговорноста од неговото криминално владеење. Сите, и домашната и меѓународната јавност знаат дека криминалното раковоство на ВМРО-ДПМНЕ 10 години свесно ја одалечуваше Македонија од ЕУ и од НАТО, за да може без проблем да краде и да се богати – се додава во соопштението на СДСМ.

Во него исто така се вели дека „човекот кој ги загрози стратешките интереси на Македонија и го уништи животот на граѓаните на Македонија не може да учествува во решавањето на проблемите“.