Македонија СДСМ: Груевски, Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат нова ера

СДСМ: Груевски, Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат нова ера

Празната сала за време на обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е порака и од неговото членство, граѓаните ќе изберат промена за подобар живот и на локално ниво, велат од СДСМ по повод обраќањето на Груевски на конвенцијата на партијата на која беа промовирани кандидатите за градоначалници.

Од таму додаваат дека Никола Груевски, Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ „не можат да понудат нова ера“.

„Нивната ера на криминал, корупција и насилство врз граѓаните заврши и нема да се врати повторно.
Никој, па ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ не верува во лагите на Груевски, а најдобар доказ за тоа беше празната сала за време на неговото лицемерно обраќање. На локалните избори, граѓаните на Македонија ќе стават крај и на криминалната ера на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво“, се додава во соопштението на партијата.