Македонија СДСМ: Груевски, Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не смеат да ја носат државата во...

СДСМ: Груевски, Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не смеат да ја носат државата во изолација

Демократските процеси бргу ќе се придвижат и Македонија ќе добие претседател на Собранието и нова реформска влада со што ќе се испочитува волјата на мнозинството граѓани, велат од СДСМ во партиското соопштение.

„Секое попречување на демократските процеси значи закана по демократските вредности и ја носи Македонија во понатамошна изолација од демократскиот свет. Груевски, Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не смеат да ја носат државата во изолација само за да ги спречат промените и да се заштитат од одговорност за направениот криминал. Ниту една криминална нафтена платформа нема да биде пречка за остварување на мнозинската волја. Граѓаните нема да живеат во поделена бинационална и изолирана земја само поради тоа што криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не сака да се соочи со одговорноста“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека за заедништво и за интеграција се изјасниле повеќе од 700.000 граѓани на Македонија, чии гласови се преточени во парламентарно мнозинство до 67 пратенички мандати.