Економија СДСМ: Богов да не се крие зад банките

СДСМ: Богов да не се крие зад банките

„Гувернерот Богов веднаш да престане да се крие зад банките. Безобразно е на банките да ја префрлува одговорноста за стабилноста на депозитите на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека „ако граѓаните сакаат да дознаат што мислат банките за стабилноста на нивните депозити, ќе си прашаат во банка“.

– Дали според Богов и НБРМ депозитите на граѓаните во банките се безбедни? Дали според Богов и НБРМ стабилен е курсот на денарот? Гувернерот Богов им ги должи овие одговори на граѓаните – се додава во соопштението на опозициската партија.