Македонија СДСМ бара Министерството за одбрана да го поништи тендерот за набавка на...

СДСМ бара Министерството за одбрана да го поништи тендерот за набавка на опрема

Министерството за одбрана треба веднаш да го поништи сомнителниот тендер за набавка на опрема, тежок 250 милиони евра, побара СДСМ преку соопштение. Од опозицијата велат дека ваква набавка мора да се спроведе многу посериозно.

„Нашиот професионален војник и офицер има потреба од најосновна опрема и од услови за тековно функционирање, чевли, ќебиња, чизми, униформа, основен алат за работа.

Оклопните возила се дамнешна потреба на АРМ, но тендерот за нивна набавка во вредност од 250 милиони евра има многу спорни моменти. Единствен критериум при набавката на транспортерите е само цената. Нема ништо во однос на квалитетот и на техничките карактеристики на возилата, одржување, сервисирање и резервните делови за опремата. Ја нема можноста за ангажирање на домашни капацитети во понатамошно одржување на возилата“, пишува во соопштението.

Од партијата додаваат дека најспорна е предвидената исплата на возилата, која треба да се одвива во периодот од 2018 до 2026 година.