Свет СБ на ОН едногласно го поддржа Гутерeш за генерален секретар

СБ на ОН едногласно го поддржа Гутерeш за генерален секретар

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска едногласно го номинираше поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш за генерален секретар на светската организација и му порача на Генералното собрание на ОН да го именува со мандат од пет години, од 1 јануари.

Генералното собрание веројатно ќе се состане следната недела за да го одобри именувањето на 67-годишниот Гутереш, кој ќе го замени Бан Ки-мун од Јужна Кореја.

Вториот мандат на Бан Ки-мун истекува кон крајот на 2016 година.

Гутереш беше премиер на Португалија од 1995 до 2002 година, а беше и висок комесар за бегалци на ОН од 2005 до 2015 година.