Свет Самоубиствен напад во Либан – шест загинати и 19 повредени

Самоубиствен напад во Либан – шест загинати и 19 повредени

Шест лица загинаа, а 19 се повредени откако бомбаши самоубијци денеска се разнесоа во либанско село во долината Бека на границата со Сирија.

Како што соопштија либанските власти, четворица терористи се саморазнеле, при што се убиени цивили. Меѓу повредените има и тројца либански војници.

Засега не е јасно кој е одговорен за нападот.